Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Контрола за извоз на стоки и технологии со двојна употреба

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е надлежна институција за издавање на дозволи за извоз на стоки и технологии со двојна употреба, брокеринг и транзит на стоки и технологии со двојна употреба, Сертификат за краен корисник и мислење дали одредени стоки подлежат на контрола, односно дали за истите е потребна дозвола за извоз. Дозволите се контрола на извозот на стоки и технологии со двојна употреба со цел заштита на безбедноста, економските интереси и надворешно политичките интереси во зајакнување на меѓународниот мир и безбедност, како и за исполнување на меѓународните обврски, согласно Резолуцијата 1540 (2004) на Советот за безбедност на ОН и ЕУ регулативите за воспоставување на систем за контрола на извозот, трансферот (пренос), брокерингот и транзитот на стоки и технологии со двојна употреба. Истите се транспонирани во домашните правни акти: Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба и неговите подзаконски акти, како и Листата на стоки и технологии со двојна употреба.

 

Листата опфаќа кодови на стоки и технологии со двојна употреба, сеопфатни клаузули за стоки што не се на список, транзитни и ИТТ (нематеријален пренос на технологија), како и сеопфатни правила за извоз и брокеринг активности, финансирање на распространување и техничка помош.
Правните и физичките лица кои вршат извоз, брокеринг и транзит на стоки и технологии со двојна употреба се должни да достават барање за добивање дозвола за извоз, брокеринг и транзит на стоки и технологии со двојна употреба,.”
Воедно, испод краткиот текст се прикачуваат правните акти (по редослед) за да можат компаниите да ги преземат при директно пополнување.  

Закон за контрола на стоки и технологии со двојна употреба.pdf

Правилник барње и дозвола на извоз.pdf

Правилнк барање и дозвола за брокерски услуги.pdf

Правилник дозвола за транзит.pdf

Правилник за Сертификат за краен корисник.pdf

Правилник прекшочен платен налог.pdf

Барање за издавање дозвола за брокерски услуги.docx

Барање за издавање на дозвола за извоз на стоки и технологии со двојна употреба.docx

Барање за издава ње на сертификат краен корисник.docx

Барање за издавање на Сертификат краен корисник.doc

уплатници.docx

Листа на стоки и технологии за двојна употреба.docx

Мени за пристапност