Институција која огласува: Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 13/03/2026
Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 9, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14 и 27/16), членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), како и врз основа на Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за надворешни работи број 01-39424/21-1 од 21.12.2021 година, 01-34522/23-1 од 24.11.2023 година и 01-2290/24-1 од 25.01.2024 година, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС број 01/2026
за пополнување на едно работно место на определено време
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за ангажирање на 1 лице на определено време, за следното работно место:
1. Посебен советник за прашања поврзани со Европската Унија и НАТО во Кабинетот на Министерот – 1 (еден) извршител.
I. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
-
Да имаат стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, согласно класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната Фраскатиева класификација од научните подрачја на општествените науки или хуманистичките науки;
-
Да се државјани на Република Северна Македонија;
-
Со правосилна судска одлука да не им е изречена казна за забрана на вршење професија, дејност или должност;
-
Активно да го познаваат англискиот јазик.
II. Паричен износ на основната нето плата за работното место:
48.982,00 денари
Дневно работно време:
од 07:30 до 15:30 часот или од 08:30 до 16:30 часот,
неделно работно време 40 часа – од понеделник до петок.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
-
своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
-
кратка биографија (CV) со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
-
уверение за државјанство;
-
диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место;
-
доказ дека не е изречена казна за забрана на вршење професија, дејност или должност;
-
доказ за познавање англиски јазик.
Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до архивата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија или по пошта на следнава адреса:
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Сектор за управување со човечки ресурси
ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7
1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување“).
Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена сметано од денот на објавување на огласот.
Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.
По извршената административна селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, уредните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Согласно законските одредби, посебниот советник во Кабинетот на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија склучува договор за вработување на определено време, а вработувањето трае до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет е вработен.
Правата и должностите на посебниот советник се уредуваат со општите прописи за работните односи.