Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората

Институција која огласува: Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 13/08/2021

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од  редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес.

Утврдениот рок за аплицирање трае до 13 август 2021 година, при што предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат. Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство и паралелно, на e-mail sunaj.efendiler@mfa.gov.mk. Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува  по пошта до надлежното ДКП.

Информираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерството за надворешни работи за утврдување на постапката за доделување на проектни средства, наменети за потребите на дијаспората, од страна на Министерот за надворешни работи ќе биде формирана Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проекти. Истата ќе изготви решение за распределба на проектните средства.

Апликантите, чии проекти ќе бидат одобрени/неодобрени од Министерството за надворешни работи, за истото ќе бидат информирани преку електронска пошта од страна на Министерството за надворешни работи.

Проектна пријава

Мени за пристапност