Институција која огласува: Министерството за надворешни работи и надворешна трговија
Рок на пријавување: 21/10/2026
Врз основа на член 4 од Законот за практикантство („Службен весник на РСМ“ бр. 98/2019, 103/2021), Министерството за надворешни работи и надворешна трговија објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС број 03/2026
За практикантска работа во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за ангажирање практиканти.
1. Практикантската работа се организира со цел стекнување практични знаења и вештини од областа на надворешната политика, меѓународните односи, правото, економијата и административното работење.
I. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да се државјани на Република Северна Македонија;
- Да се запишани на додипломски или постдипломски студии на еден од факултетите кои ги изучуваат следните науки: политички науки, меѓународно право, европско право, меѓународни односи и дипломатија, одбрана и безбедност, управување со кризи и заштита и спасување, економија, меѓународна трговија, меѓународна економија и бизнис, менаџмент и претприемништво, сметководство и ревизија, компјутерски науки, компјутерско инженерство, интернет мрежи и безбедност, интернет технологии и сајбер безбедност, телекомуникации и информатичко инженерство.
- со правосилна судска одлука да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
- Да не се во работен однос
- Да не се постари од 30 години
- Да познаваат англиски јазик на ниво најмалку еквивалентно на Б1 ниво на ЦЕФР (CEFR),што се докажува со соодветен сертификат (како предност ќе се смета познавањето на втор странски јазик од официјалните јазици на ОН или на Европската унија).
II. Практикантите имаат право на месечен надоместок за практикантска работа, согласно со член 8 од Законот за практикантство, во висина утврдена со закон, во зависност од времетраењето на практикантската работа и основната нето-плата за работното место.
Времето на извршување на практикантската работа е со неполно работно време, во траење од 20 часа неделно, распоредени во пет работни дена, од понеделник до петок, со дневно времетраење од 4 часа.
Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
- пријава;
- кратка биографија (CV) со задолжително наведен телефон за контакт и адреса;
- потврда за редовен студент;
- потврда дека со правосилна судска одлука да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
- доказ за познавање на англиски јазик.
Потребната документација да се достави преку електронска пошта на следната е-адреса: sucr@mfa.gov.mk, во архивата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија или по пошта на следната адреса: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Сектор за управување со човечки ресурси, ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7, 1000 Скопје (со назнака „За оглас за практиканти“).
Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.
Ненавремените и нецелосните пријави, како и пријавите со некомплетна документација, нема да бидат разгледувани.
По истекот на рокот ќе се изврши селекција. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за практикантска работа.
При изборот ќе се почитува начелото на еднаков пристап и недискриминација.
Правата и обврските на практикантите и на работодавачот се уредуваат согласно со Законот за практикантство.