Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

О Б Ј А В А бр. 1/2026 за продажба на движни ствари–патнички моторни возила, за старо железо, по пат на електронско јавно наддавање

Институција која огласува: Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 20/07/2026

Врз основа на член 46, 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19, 122/21 и 193/25), согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија бр.50-6251/9 од 25.11.2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.241/25), Комисијата за отуѓување на движни ствари-патнички моторни возила кои ги користи Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија објавува:

 

О  Б  Ј  А  В  А    бр. 1/2026

за продажба на движни ствари–патнички моторни возила, за старо железо,

по пат на електронско јавно наддавање

 

1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно надавање е продажба на движни ствари - патнички моторни возила, за старо железо, сопственост на Република Северна Македонија, чиј корисник е Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за продажба на движни ствари бр.50-6251/9 од 25.11.2025 година, со следните податоци:

 

 

Реден број

 

Марка

 

Тип

 

Број на моторот

 

Број на шасија

 

Регистарска ознака

 

Година на производство

 

Сила на моторот (кW)

 

Работна зафатнина на моторот

(cm3)

1

МЕРЦЕДЕС

E240

31037963

WDB2100621B382726

SK-319-TТ

2001

125

2597

2

МЕРЦЕДЕС

Е430

11394030230977

WDB2100931ХО46973

SK-324-TC

2001

205

4266

3

АУДИ

A6

АЈЕ00066

WAUZZZ4FXAN003635

SK-030-JA

2009

140

2773

4

МЕРЦЕДЕС

E240

11291431032298

  WDB2100621B377560

/

2001

125

2597

5

ЦИТРОЕН

C5

10Н1U1146518

VF7RCRFJC76610812

SK7785AF

2004

103

1997

6

ГОЛФ

6

181400

WVWZZZ1KZAW036332

SK2287AZ

2009

59

1390

 

2. НАЧИН НА ПРОДАЖБА И ПОЧЕТНА ЦЕНА

Продажбата на движните ствари од точка 1 од Објавата ќе се изврши ЗАЕДНО (како една целина) по пат на електронско јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи, со проценета вредност од 12 денари по килограм без ДДВ утврдена согласно Процената од Министерство за правда - Бирото за судски вештачења бр.СВ/EL V-45/25 од 13.05.2025 година, во која е проценета вкупната вредност на движните ствари во износ од 97.440,00 денари.

Почетната цена на електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета вредност и истата изнесува 97.440,00 денари.

Продажбата се врши по принцип видено-купено (без можности за дополнителни рекламации).

Заинтересираните лица можат да ги видат движните ствари додека трае објавата, во работно време, а по претходна најава на тел. 02/ 3110-333, локал 664.

 

3. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА 

Банкарската гаранција за сериозност на понудата изнесува 2% од висината на проценетата вредност на движните ствари, односно висината на Банкарска гаранција за сериозност на понудата изнесува 1.949,00 денари.

Времетраењето на банкарската гаранција e потребно да биде со рок на важност од 60 дена од денот на издавањето.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање, а банкарска гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

 

4. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

        Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 24.07.2026 година во 11.00 часот на интернет страница www.e-aukcii.finance.gov.mk

 

5. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите правни и физички лица кои поседуваат соодветна дозвола согласно прописите за управување со отпад, согласно Листата на видови на отпад („Службен весник на Република Македонија“ бр. бр.100/05) и согласно Правилникот за мерките за заштита на животната средина кои мораат да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористени возила, нивните компоненти и материјали, целите и роковите за нивно постигнување и начинот и условите за складирање, формата и содржината на образецот за известување како и начинот на водење на евиденцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.108/2009 и 164/2010).

 

6. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет страница: www.e-aukcii.finance.gov.mk

Во прилог, подносителот треба да поднесе:

1.   Банкарска гаранција за сериозност на понудата, во износ и со период на важност наведен во точка 3 од Објавата;

2.  Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија (не постара од шест месеци од денот на Објавата);

3. Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност (не постара од шест месеци од денот на Објавата); и

4. Дозвола за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад (дозволата да е со впишана шифра и дозволата да е валидна – со рок на важност).

 

• Сите горенаведени документи подносителот ги доставува електронски, при што Банкарската гаранција се доставува и во ОРИГИНАЛ, во рокот за пријавување, во затворено плико со назнаки „За Објава за продажба на движни ствари БР.1/2026“ и „Не отварај“ по пошта или во архива на следната адреса: Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија (за Комисија за отуѓување на движни ствари-патнички моторни возила), ул.Филип Втори Македонски 7, Скопје.

 

7. РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

За учество на јавното наддавање, подносителите се должни електронски да се пријават заклучно до 20.07.2026 година.

Комисијата на подносителите кои во системот за електронско јавно наддавање се пријавиле со комплет документи во прилог, во рок од 3 дена од истекот на времетраењето на објавата ќе им достави корисничко име и шифра за учество во јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложените дека нема да учествуваат во јавното наддавање.

 

8. ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање се спроведува согласно одредбите од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19, 122/21 и 193/25).

Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во Објавата.

Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за продажба на движните ствари и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја прифати почетната цена.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движните ствари.

Комисијата по завршување јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.  Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата највисока цена, а доколку не ги уплати средствата во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарска гаранција ќе биде активирана и понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно наддавање за предметните движни ствари.

Со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата на цената на движните ствари, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ќе склучи Договор за продажба на движните ствари.

 

9. ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДВИЖНИТЕ СТВАРИ

Најповолниот понудувач, како купувач, има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на објавата и притоа за истите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија да издаде Потврда за преземање на искористено возило согласно прописите за управување со отпад.

Трошоците при преземање, транспорт од горенаведената локација односно и натамошен соодветен третман/складирање на движните ствари, се на товар на најповолниот понудувач – купувачот.

 

                                                    Комисија за отуѓување движни ствари- патнички моторни возила

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија

 

o-b-j-a-v-a-br-12026-za-prodazba-na-dvizni-stvari-patnicki-motorni-vozila-za-staro-zelezo-po-pat-na-elektronsko-javno-naddavanje-file-LIIe.docx

Мени за пристапност