Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорат за аналитички истражувања, стратешко и долгорочно планирање во надворешната политика и дипломатски архив

Директорка: Ружица Жантева Ангелова
ruzica.zanteva@mfa.gov.mk 
075 - 344 - 168 

Директоратот за аналитички истражувања, стратешко и долгорочно планирање во надворешната политика и дипломатски архив; ја координира изработката на долгорочни платформи за  прашања од особено значење за развојот на надворешната политика; ја предводи организацијата на конференции, дебатни форуми, информативни дебати, презентации, публикации и друго; го координира сеопфатниот процес за реализација на дестгодишната надворешно-политичка стратегија „Рефлексија 2030„;ги координира процесите на изработка на двогодишните стратешки планови на министерството, годишниот план за работа на министерството и процесот на евалуација на имплементацијата на годишните иницијативи на министерството; ги координира сеопфатните активности за натамошен развој на дипломатскиот архив, дигитализацијата на архивските материјали и реализација на  процесот за нивно соодветно јавно презентирање; ја координира соработката со домашни и странски институции, научно-истражувачки центри, тинк-тенк заедницата, научни соработници, експерти и аналитичари од Република Северна Македонија и странство
; врши аналитичко истражување и стратешко планирање; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. 

  

11.1 Сектор за аналитички и геостратешки истражувања и стратешко планирање во надворешната политика

Секторот за аналитички и геостратешки истражувања  и стратешко планирање во надворешната политика подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на аналитичко истражување, стратешкото планирање; обработка на податоци, аналитички прегледи и информации за актуелните надворешно-политички, економски и други релевантни текови во светот; прави оценки на елементи кои ја одредуваат меѓународната позиција на Република Северна Македонија; ја следи актуелната медиумска комуникација во функција на изработка на аналитички материјали; прави проценка на состојбите во меѓународните односи; предлага елементи за ритамот и секвенцијата на мерките и постапките за реализација на планираната надворешна политика;предлага ставови и приоритети од областа на надворешната политика; врши анализа и проверка на сите релевантни сознанија од надлежност на министерството во соработка со неговите соодветни организациони делови, други државни органи, организации, како и научни институции и компетентни поединци; го изработува стратешкиот план на Министерството; го води сеопфатниот процес за реализација на дестгодишната надворешно-политичка стратегија „Рефлексија 2030„; ја организира и спроведува изработката на долгорочни платформи за нови насоки, приоритети и проекти на министерството од особено значење за развојот на надворешната политика; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва во Република Северна Македонија и меѓународни институти од областа на надворешната политика; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. 

 

11.1.1 Одделение за обработка на дипломатската кореспонденција

11.1.2 Одделение за аналитика и геостратешки истражувања

11.1.3 Одделение за исполнување на обврските во рамки на стратешкото планирање на Владата на Република Северна Македонија

11.1.4 Одделение за координација на иницијативите и следење на имплементацијата на стратешките насоки на МНР и НТ

 

  

11.2 Сектор за дипломатски архив

Секторот за дипломатски архив подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на координирање на процесот за соодветно средување и попис на сеопфатниот фонд на архивските материјали во Дипломатскиот архив, нивна категоризација, сместување,  заштита и обезбедување во соодветен простор и физички стандардизирана опрема (полици, плакари и сефови) за нивно правилно чување, согласно Законот за архивска граѓа, Законот за надворешни работи и други подзаконски акти; го координира процесот за прибирање архивските материјали од трајна вредност во надлежност на организационите единици во Министерството и од дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство; го координира процесот за формирање Комисија за декласификација на класифицираниот архивски материјал, затекнат како дел од вкупниот архивски фонд на Дипломатскиот архив; го координира процесот на дигитализација на архивските материјали; го координира процесот на електронска и дигитализирана отвореност и достапност на архивските материјали за истражувачка, научна и друг вид на јавност; го координира процесот на билатерална, регионална и меѓународна соработка од областа на дипломатските архиви и  во областа на развојот на новите дигитални технологии за обработка и презентација на архивски материјали; иницира и координира настани и изложби од областа на дипломатската архивистика; иницира и го координира процесот на подготовка, издавање и презентација на тематски архивски публикации на Дипломатскиот архив; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг. 

 

11.2.1 Одделение за дипломатски архив и документација

11.2.2 Одделение за дигитализација

11.2.3 Одделение за електронска отворена презентација на архивски материјали

 

 

11.3   Сектор за дипломатска обука и едукација

 Секторот за дипломатска обука и едукација подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на континуирано дипломатско усовршување на административните службеници во Министерството, едукација на новопримените кадри; подготвување и организирање на  полагање на дипломатски испити; советнички испити; активно учествува во подготвките на административните службеници за полагањето на дипломатскиот и советничкиот испит; учествува во изработката на Програмата за полагање на дипломатскиот испит; ги организира предавањата согласно Правилникот за начинот на спроведување на дипломатскиот испит; изработува, организира курсеви, предавања и работилници во земјата; известува за курсеви, обуки, семинари и студиски програми во странство што ги нудат министерствата за надворешни работи на одделни држави, дипломатските академии и институти за меѓународни односи и во таа насока нуди логистичка поддршка на вработотените во Министерството; органириза курсеви за странски јазици; активно соработува со сродните институции од регионот и пошироко; го изготвува планот за подготовки пред упатување на дипломатите и активно учествува во нивната подготовка пред заминување на работа во претставништвата и организира завршни разговори и бранење на тези;

 

11.3.1   Одделение за дипломатска едукација и обука

11.3.2 Одделение за соработка со дипломатските академии во регионот и други образовни институции од земјата и странство

Мени за пристапност