Директор: Назиф Џафери
070 - 742 - 206
nazif.xhaferi@mfa.gov.mk
Директоратот за билатерални односи со европски држави донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и ја следи билатералната соработка и односите на Република Северна Македонија со европските држави; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на Република Северна Македонија; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и односите во европските држави; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкциина претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.
4.1 Сектор за билатерални односи со државите од Западна Европа
Секторот за билатерални односи со државите од Западна Европа ги врши работите што се однесуваат на: билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со државите од Западна Европа, вклучително и Обединетото Кралство и Ирска; следење на надворешно-политичките активности на овие држави, внатрешните политички и економски состојби во државите, предлагање на конкретни активности за остварување, развивање и унапредување на односите и соработката; изготвување и презентирање ставови и насочување на работата на претставништвата на Република Северна Македонија во овие држави; соработка со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; учество во одделни комисии и тела за прашања од делокруг на работата; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
4.1.1 Одделение за билатерални односи со Обединетото Кралство и Ирска
4.1.2 Одделение за Западна Европа
4.2 Сектор за билатерални односи со државите од Северна и Централна Европа
Секторот за билатерални односи со државите од Северна и Централна Европа подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со Шведска, Финска, Норвешка, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн; следи, анализира и информира за развојот на билатералните односи и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и надворешната политика на државите; подготвува и учествува во политички консултации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
4.2.1 Одделение за билатерални односи со државите од Централна Европа
4.2.2 Одделение за билатерални односи со државите од Северна Европа