Директорка: Маја Апостолова Балабурски
071 - 387 - 911
maja.apostolova@mfa.gov.mk
Директоратот за билатерални односи со воневропски држави донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и следи билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со државите од Северна, Централна и јужна Америка, Азија, Австралија и Пацификот, Евроазија, Африка и Блиски Исток; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на државата; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и односите во воневропските држави; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; управува и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.
5.1 Сектор за Северна, Централна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацифик
Секторот за Северна, Централна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацифик подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со државите од Северна, Централна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацификот; следи, анализира и информира за развојот на билатералните односи и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и надворешната политика на државите; подготвува и учествува во политички консултации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
5.1.1 Одделение за Северна, Централна и Јужна Америка
5.1.2 Одделение за Источна и Југоисточна Азија
5.1.3 Одделение за Јужна Азија, Австралија и Пацифик
5.2 Сектор за Евроазија, Африка и Блиски Исток
Секторот за Евроазија, Африка и Блиски Исток подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со евроазиските држави и државите од Африка и Блиски Исток; следи, анализира и информира за развојот на билатералните односи и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и надворешната политика на државите; подготвува и учествува во политички консултации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитирани претставништвата на овие работи во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
5.2.1 Одделение за Евроазија
5.2.2 Одделение за Африка и Блиски Исток