Директорка: Александра Миовска
aleksandra.miovska@mfa.gov.mk
070 - 232 - 487
Директоратот за билатерални односи со државите од југоисточна Европа и регионални иницијативи донесува годишни планови и извештаи за работата; ги планира, организира, координира и ја следи билатералната соработка и односите на Република Северна Македонија државите од југоисточна Европа; учествува во формулирање и спроведување на утврдените надворешно-политички ставови на Република Северна Македонија; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и односите во овие држави; обезбедува координација и соработува со надлежни институции и органи во државата; дава упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; управува, ја координира и ја организира работата на секторите и одделенијата во негов состав;ја изработува и спроведува програмата за подготовка на вработените пред упатување во претставништвата; ја оценува работата на организационите единици и претставништвата од негова надлежност; врши и други работи од својот делокруг.
3.1 Сектор за билатерални односи со државите од непосредното соседство
Секторот за билатерални односи со државите од непосредното соседство подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со Република Албанија, Република Србија, Косово, Република Бугарија и Република Грција; следи, анализира и информира за развојот на билатералните односи и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и надворешната политика на државите; подготвува и учествува во политички консултации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
3.1.1 Одделение за Република Албанија, Република Србија и Косово
3.1.2 Одделение за Република Бугарија и Република Грција
3.2 Сектор за билатерални односи со државите од поширокото соседство
Секторот за билатерални односи со државите од непосредното соседство подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на билатералните односи и соработката на Република Северна Македонија со Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Турција, Република Молдова, Романија и Кипар, како и ги координира и активностите и задачите кои произлегуваат од Преспа форумот за дијалог; следи, анализира и информира за развојот на билатералните односи и предлага мерки и ставови за нивно унапредување; следи, анализира и информира за внатрешниот развој и надворешната политика на државите; подготвува и учествува во политички консултации; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата; подготвува упатства и инструкции на претставништвата во овие држави и ја следи нивната работа; соработува со акредитираните претставништва на овие држави во Република Северна Македонија; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
3.2.1 Одделение за Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија
3.2.2 Одделение за Турција, Република Молдавија, Романија и Кипар
3.2 Сектор за регионални иницијативи и Преспа форум за дијалог
Секторот за регионални иницијативи и Преспа форум за дијалог подготвува годишни планови и извештаи за работата; ги врши и координира активностите и задачите што се однесуваат на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Централно европската иницијатива, Јадранско – Јонската иницијатива, Берлинскиот процес, Мини шенген процесот, како и други регионални инцијативи во кои Република Северна Македонија активно партиципира како дел од формирани регионални тела и организации; следи, анализира и информира за активностите кои министерството треба да ги преземе во рамките на регионалните иницијативи и погоре споменатите процеси; учествува, организира и иницира процеси на соработка во форма на регионални иницицијативи; подготвува и учествува во политички консултации во рамките на регионалните иницијативи; обезбедува координација и соработува со надлежните институции и органи во државата засегнати со погоре споменатите процеси; подготвува упатства и инструкции на претставништвата доколку е потребно истите да превземат соодветни дејствија во рамките на регионалните иницијативи и погоре споменатите процеси; ја организира и оценува работата на одделенијата во негов состав; врши и други работи од својот делокруг.
3.2.1 Одделение за регионални иницијативи
3.2.2 Одделение за Преспа форум за дијалог