Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Церемонија на доделување сертификати за успешно завршен курс по италијански јазик и култура

Церемонија на доделување сертификати за успешно завршен курс по италијански јазик и култура

Денес, во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се одржа церемонија по повод доделување на сертификатите на наши дипломати за успешно завршен курс по италијански јазик и култура.

 

На церемонијата се обратија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри и професорката Радица Никодиновска, почесен претседател на Здружението на професори по италијански јазик.

 

Во обраќањето, министерот Муцунски нагласи дека јазичниот курс, беше извонреден гест и конкретен проект, не само за изучување на италијанскиот јазик и култура, туку и за подобро колегијално комуницирање, разбирање и зајакнување на довербата и пријателството меѓу двете земји.

 

“Симпатиите на нашите граѓани кон Италија и италијанската култура се големи. Бројната нашата дијаспора во Италија и нивната успешна интеграција во космополитското италијанско општество се една значајна алка што нè приближува и поврзува. Чествувањето на Светите браќа Кирил и Методиј секоја година во мај е уште една значајна алка. Тоа што граѓаните и културните работници го прават за запознавање и приближување на нашите култури и вредности, претставува и наша должност да го негуваме и зајакнуваме, но и да продолжиме да градиме нови мостови на поврзување, по кои заедно ќе чекориме”, порача Муцунски

 

Министерството за надворешни работи на Италија покрај споменатиот едукативен проект за италијанскиот јазик, редовно упатува покани до наши дипломати за учество на обуки и семинари, што претставува отворена поддршка во насока на зајакнување на дипломатските и комуникациските капацитети и вештини на нашите дипломати, како и културно доближување меѓу двете пријателски земји.

Мени за пристапност