Вчера, Државниот секретар Елена Кузмановска ја прими амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, на работна средба на која:
- беше изразено задоволство од напредокот на билатералните односи и соработката помеѓу двете земји.
- потенцирана подготвеност за натамошно унапредување на соработката преку интензивен политички дијалог во сите сфери.
- потврдена одличната економска и трговска соработка и заложбата за нејзино продлабочување во иднина.
- истакната континуираната и безрезервната поддршка на Германија и охрабрување во напредокот на нашата земја кон полноправно членство во ЕУ.
- потврдена заложбата и силната посветеност на земјата во исполнување на неопходниот реформски процес за членството во Европската унија