Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Кузмановска на меѓународна конференција „Мостар 2024“

Државниот секретар Кузмановска на меѓународна конференција „Мостар 2024“

„Регионалната стабилност е клучна за долгорочниот развој и просперитет како на земјата, така и на поширокиот регион“

 

Во рамки на одбележувањето на дваесет годишнината од обновувањето на стариот мост во Мостар, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, зема учество на првата меѓународна конференција “ Мостар 2024: Дијалог за иднината”, што се одржа на 22-ри и 23-ри јули во Мостар, Босна и Херцеговина. 

 

Во обраќањето на дипломатската сесија "Премостување на минатото, сегашноста и европската иднина" таа се осврна на напредокот на нашата земја на патот кон ЕУ, истакнувајќи ги спецификите на пристапното досие на земјава, од аспект на долготрајноста и фазите на процесот, како и неопходноста од задржување на кредибилитетот и предвидливоста на истиот, притоа нагласи декa полноправното членство на земјата во ЕУ и процесот на пристапување се важен приоритет на владата, за што говорат и преземените активности за доусогласување на Реформската агенда која произлегува од Планот за раст на Западен Балкан.

 

Државниот секретар Кузмановска во своето обраќање го поздрави и напредокот на Босна и Херцеговина во процесот на интеграција во ЕУ, истакнувајќи дека тоа е успех и за целиот регион и позитивен сигнал за политиката на проширување.

 

Запрашана за препреките и ризиците на патот кој го минува земјата, таа истакна дека во изминатиот период биле донесени тешки одлуки, но и покрај тоа континуираниот дијалог останува еден од најважните приоритети. 

 

„Во моменти кога постои забавена динамика на процесите неопходно е да се одржи дијалогот на регионално ниво, а посебно практичните аспекти на соработка како економијата, културата, инфраструктурата и целокупниот општествен развој. Регионалната стабилност е клучна за долгорочниот развој и просперитет како на земјата, така и на поширокиот регион“, истакна Кузмановска. 

 

Во тој контекст Кузмановска ја истакна потребата од натамошно прилагодување, подобрување и зближување на земјите од регионот, со цел заеднички да се пристапи кон заемна соработка и искористување на потенцијалот на Регионот.

 

На меѓународната конференција беше потпишана и „Заедничката изјава - Мостар 2024“.

Мени за пристапност