Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Кузмановска оствари средба со амбасадорот на Романија, Н.Е. Адела Моника Аксинте

Државниот секретар Кузмановска оствари средба со амбасадорот на Романија, Н.Е. Адела Моника Аксинте

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска денес оствари средба со амбасадорот на Романија, Н.Е. Адела Моника Аксинте.

 

На средбата соговорниците ги потврдија традиционално добрите билатерални односи и изразија подготвеност за интензивирање на соработката меѓу двете држави, особено во делот на надворешната трговска и економска соработка.

 

Државниот секретар Кузмановска се заблагодари за постојаната поддршка од страна на Романија за нашите евро-интегративни процеси при што истакна дека членството во ЕУ останува високо на агендата на нашата надворешна политика, како и тоа дека остануваме силно посветени на градење на добрососедски односи со сите наши соседи.  

 

Заеднички беше потврдена и плодната соработка во рамките на НАТО, мултилатералните организации и регионалните инцијативи, при што беше ставен акцент на потребата од одржување на постојан дијалог, особено во контекст на справувањето со актуелните регионални и глобални предизвици.

Мени за пристапност