Државниот секретар на МНРиНТ, Елена Кузмановска оствари посета на Државата Израел и учествуваше на министерскиот состанок на земјите членки на Меѓународната Алијанса за сеќавање на Холокаустот што се одржува во Ерусалим .
Кузмановска во своето обраќање ја истакна силната посветеност кон ИХРА, сеќавањето на Холокаустот, континуираното образование и борбата со антисемитизмот на државно ниво. Во рамки на состанокот се зборуваше и за идните активности во рамки на Алијансата како и можностите за натамошно засилување на билатералните односи со Државата Израел, што беше поздравено од МНР Гидеон Саар и претседателот Исак Херцог, кои присуствуваа на состанокот.
Овој настан се одржува во рамки на израелското претседавање со Алијансата, која се залага за доследно справување со антисемитизмот и сеќавањето на Холокаустот. Дел од програмата беше посветен и на посета на меморијалниот центар “Јад Вашем” каде се оддаде почит на сите жртви од Холокаустот.
Во рамки на посетата, Државниот секретар Кузмановска оддаде почит и положи венец на споменикот “Калинка” поставен во Ерусалим, во сеќавање на сите македонски еврејски семејства кои ги настрадаа за време на Холокаустот.