Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара. 

 

Соговорниците го поздравија досегашниот развој на билатералните односи и разговараа за потенцијалите за натамошно унапредување на севкупната соработка. Посебен акцент беше ставен на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието. Беше потенцирана потребата од зголемување на договорната рамка, како основа за понатамошна конкретна реализација на проекти и активности.

 

Воедно, тие разменија мислења и за актуелните меѓународни прашања, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.

Мени за пристапност