Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма од новиот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма од новиот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ. 

 

Министерот Муцунски му посака успешна дипломатска мисија на новиот црногорски амбасадор и изрази задоволство од нивото на досегашните билатерални односи, како и соработката во повеќе области од заемен интерес. Воедно, тој изрази увереност дека амбасадорот Миљаниќ ќе даде значаен придонес во натамошното унапредување и продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји кои се и НАТО-сојузници. Министерот Муцунски изрази и благодарност за помошта што Црна Гора и ја упати на земјава во справувањето со огнените стихии.

 

Соговорниците констатираа двете страни се максимално се посветени кон  ЕУ-интеграцискиот процес и пристапните преговори за полноправно членство во Унијата. Се согласија дека враќањето на проширувањето на ЕУ на агендата по формирањето на новата Европска Комисија е значајно за регионот како целина и ќе придонесе за поттикнување на реформските и демократските процеси.

Мени за пристапност