Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во земјата, г-ѓа Рита Колумбиа.
Честитајќи за именувањето на функцијата, министерот Муцунски изрази уверување за натамошно продолжување и зајакнување на заемната соработка со агенциите на Обединетите нации.
На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка со Канцеларијата на резидентниот координатор и тимот на Обединетите Нации и имплементацијата на постојните проекти. Заеднички беше поздравен ангажманот на ОН кој има за цел да го зајакне капацитетот на земјата во клучните сектори и да ја промовира реформската агенда потребна за исполнување на барањата за пристап во Европската Унија.