Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обраќање на ЗМНР Димитровски на Меѓународната конференција „ Кон безбеден евро-атлантски регион во глобализиран свет: врска помеѓу безбедноста-владеење на правото“

Обраќање на ЗМНР Димитровски на Меѓународната конференција „ Кон безбеден евро-атлантски регион во глобализиран свет: врска помеѓу безбедноста-владеење на правото“

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија беше отворена меѓународната конференција „Кон безбеден евро-атлантски регион во глобализиран свет: врска помеѓу безбедноста-владеење на правото“, организирана од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Државниот универзитет во Тетово.

На отворањето на конференцијата свое обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски.

ЗМНРНТ Димитровски ја истакна потребата од силна и обединета ЕУ, која стои цврсто во одбрана на меѓународниот поредок заснован на правила, и која одлучно  дејствува во Западен Балкан - регион кој гледа кон ЕУ со надеж и решеност да се приклучи. Одлучното дејствување на ЕУ овде не е само стратешко, тоа е геополитички императив.

На крајот од своето обраќање, ЗМНРТ Димитровски истакна дека од македонска перспектива, и покрај предизвиците, ние сме посветени да работиме вредно за да се подобриме во секоја област, со цел исполнување на потребните европски стандарди. Токму затоа ни треба процесот на пристапување во ЕУ - не само како цел, туку како водич, поддршка и забрзувач на нашата трансформација во согласност со заедничките европски вредности.

Мени за пристапност