Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обраќање на ЗМНР Димитровски на отворањето на годинешната симулација на ООН

Обраќање на ЗМНР Димитровски на отворањето на годинешната симулација на ООН

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се отвори годинешната симулација на ООН (Skopje International Model United Nations) во организација на Асоцијацијата на ООН на Северна Македонија-МУНА. 

На свеченото отворање свое обраќање во првиот дел имаа ЗМНР Зоран Димитровски и Резидентниот координатор на ООН, Рита Колумбија. 

ЗМНР Димитровски изрази големо задоволство што младите покажуваат голем интерес за меѓународните односи и активно се вклучуваат во едукативни настани од овој тип, со цел подобрување на своите вештини и знаења. Тој потенцираше дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува силен поддржувач на сите  младински настани и иницијативи. Обраќајќи им се на присутните млади во салата, тој ги нарече млади лидери и идни креатори на политики.

На тридневната симулацијата која што веќе четврта година ја организира Асоцијацијата на ООН на С. Македонија-МУНА ќе се симулираат три комитети: Совет на безбедност, Совет на човекови права и Светска здравствена организација.

Мени за пристапност