Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржан првиот состанок на Комисијата за избор на кандидати за судија во ЕСЧП

Одржан првиот состанок на Комисијата за избор на кандидати за судија во ЕСЧП

Денес во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа првиот состанок на Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, со кој претседаваше Елена Кузмановска Биондиќ, државна секретарка во МНРиНТ.

На состанокот со членовите од правосудната и академската фела, како и од Министерство за правда, беа разгледани релевантните документи на Совет на Европа, во однос на начелата, роковите и критериумите кои се предвидени со цел обезбедување на фер и транспарентна национална постапка и селекција на најквалитетни кандидати за судија во Судот во Стразбур, чиј конечен избор го врши Парламентарното собрание на Совет на Европа.

Воедно, на дневен ред беа и Деловникот за работа на Комисијата и текстот на Јавниот оглас кој треба да биде објавен.

Мени за пристапност