Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворање на Азиската конференција на ОБСЕ во 2024 година од страна на ЗМНР Зоран Димитровски

Отворање на Азиската конференција на ОБСЕ во 2024 година од страна на ЗМНР Зоран Димитровски

На 15 и 16 октомври во Виена се одржа Конференција на Азиската група на партнери за соработка на ОБСЕ, под наслов "Кон појако партнерство за одржлив мир и безбедност". Ко-домаќини на настанот беа Република Северна Македонија, како претседавач со Групата Азиски партнери за соработка на ОБСЕ за 2024 година и Јапонија, азиски партнер за соработка на ОБСЕ. Конференцијата беше отворена од страна на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски и државен министер за надворешни работи на Јапонија, Цуге Јошифуми.

 

Во своето обраќање, заменик министерот Димитровски истакна дека во светлината на денешните предизвици, важно е, повеќе од кога било, да се разговара за нашите партнерства и заеднички решенија за градење одржлив и траен мир во светот. Во меѓусебно поврзаниот свет, географската оддалеченост е релативна, додавајќи дека се соочуваме со предизвици од иста природа, справувајќи се со последиците од истиот ефект, а конференцијата придонесува кон колективен одговор во решавање на актуелните предизвици. 

 

Државен министер за надворешни работи на Јапонија  во своето обраќање истакна дека Јапонија, која стана првиот партнер на ОБСЕ за соработка во 1992 година, во својот долгогодишниот придонес и соработка со ОБСЕ се заснова на цврстото верување дека мирот и стабилноста во евроатлантскиот и индо-пацификот се тесно поврзани еден со друг.

 

Учесниците на конференцијата разговараа за низа можности и предизвици со кои се соочува ОБСЕ и начините на кои азиските партнери и земјите-учеснички на ОБСЕ можат да научат од нивните искуства. И покрај поделбите во ОБСЕ просторот предизвикани од руската агресија врз Украина, Република Северна Макдонија преку инклузивен и сеопфатен дијалог успеа да оствари консензус на сите 57 држави учеснички во ОБСЕ што е дипломатски успех на нашата земја.

 

Темите што се разгледуваа на Конференцијата вклучуваат промовирање и зајакнување на жените и нивно еднакво учество во безбедносниот сектор и мировните процеси, изнаоѓање заеднички решенија за климатските промени и зајакнување на институциите за заштита на владеењето на правото, човековите права и борбата против корупцијата.

 

Групата Азиски партнери за соработка на ОБСЕ ги вклучува Авганистан, Австралија, Јапонија, Република Кореја и Тајланд.

 

На маргините на ОБСЕ 2024 Азиската конференција, заменик министерот Димитровски оставри и билатерална средба со државениот министер за надворешни работи на Јапонија Цуге Јошифуми.

 

За време на разговорите, соговорниците ги потврдија одличните билатерални односи меѓу нашите Република Северна Македонија и Јапонија. Заменик министерот се заблагодари на финансиската поддршка и техничката помош која Република Северна Македонија ја добива од Јапонија од нашата независност до денес како и поддршката за членство на нашата држава во ЕУ.  Заеднички беше договорено во фокусот на идните билатерални односи да бидат развојот на економските односи, привлекување јапонски инвестиции во Република Северна Македонија и развој на туризмот.

Мени за пристапност