Во насока на доследно спроведување на македонските надворешнополитички и безбедносни приоритети, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева.
Во рамки на средбата беше потпишана Спогодба за соработка, која претставува основа за постапување во рамките на законските надлежности и го подигнува нивото на институционална координација. Станува збор за системско решение што ја унапредува заемната соработка помеѓу Министерството и Агенцијата, со цел поефикасно спроведување на работните задачи и олеснување на административните процедури.
На средбата беше разговарано и за можностите за понатамошно продлабочување и интензивирање на соработката меѓу двете институции.