Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Предавање во МНРиНТ на професорот Венделин Етмајер, поранешен амбасадор и пратеник од Република Австрија

Предавање во МНРиНТ на професорот Венделин Етмајер, поранешен амбасадор и пратеник од Република Австрија

На 17 и 18 септември 2024., во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), професорот д-р Wendelin Ettmayer, поранешен амбасадор и пратеник од Република Австрија, одржа тематски предавања за „Австриската надворешна политика од 1945. година до денес и Меѓународните односи во ерата на глобализацијата, мултиполарноста и конфликтите.

 

Предавањата, кои беа реализирани во заедничка организација на Министерството и Австриската амбасада во Скопје, беа наменети за дипломатите во МНРиНТ, како и за претставници од Воената академија во Скопје. 

 

Поздравно обраќање пред аудиториумот имаше Амбасадорот на Република Австрија, г-динот Martin Pammer.

 

Говорејќи за надворешната политика на Република Австрија, поранешниот Амбасадор Ettmayer, даде сеопфатен преглед на развојот на надворешната политика, заснована на концептот на (воена) неутралност, но, и на проактивна дипломатија.

 

Посебен интерес и дискусии предизвика предавањето за појавата и ефектите на процесите на глобализација (од 1991.) до денес, од поволности до предизвици, и од соработка до (економска) конфротација.

Мени за пристапност