Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во земјава, Вероник Улман.
Министерот Муцунски изрази благодарност за нејзиниот ангажман и придонес кон унапредувањето на билатералните односи и меѓусебната соработка за време на нејзиниот дипломатски мандат.
Соговорниците изразија задоволство од континуираниот политички дијалог на високо ниво и успешната соработка во сите области од заемен интерес. Притоа, беше реафирмирана заедничката посветеност за натамошно продлабочување на односите и одржување на отворен и конструктивен дијалог по сите прашања од заеднички интерес.
Министерот Муцунски ја истакна важноста на швајцарската поддршка во финансиската соработка и техничката помош за нашата земја. На средбата беа разменети мислења и за актуелната политичка и безбедносна состојба на регионален и глобален план.
Исто така, соговорниците ја нагласија важноста на економската соработка, при што се согласија дека постои значителен потенцијал за нејзино натамошно проширување.