Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го прими на проштална средба со амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов.
На средбата, соговорниците го потврдија заедничкиот интерес и посветеност за натамошно унапредување на целокупната соработка, низ процес на дијалог кој подразбира градење пријателство и заемно почитување меѓу двете соседни европски држави. Воедно се согласија дека добрососедските односи се заемен интерес и се целосно комплементарни како држави сојузници во НАТО.
На средбата беше нагласена потребата од продлабочување на секторската соработка во делот на економијата, инфраструктурата, образованието и други области кои од заемен интерес за граѓаните.