Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проштална средба на министерот Муцунски со Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, вршител на должност во катарската амбасада во Скопје

Проштална средба на министерот Муцунски со Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, вршител на должност во катарската амбасада во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на проштална средба го прими Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, вршител на должност во Амбасадата на Државата Катар во Скопје.

На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, при што беше нагласена заедничката заложба за динамизирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво.

Во делот на билатералната соработка, соговорниците ја истакнаа потребата од продлабочување на економските и трговските односи, како и од зголемување на обемот на катарски гринфилд и браунфилд директни инвестиции во нашата земја.

Мени за пристапност