Денес, заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски го прими во проштална средба, амбасадорот на Кралството Тајланд со седиште во Анкара, H.E. Apirat Sugondhabhirom.
Заменик министерот Димитровски му се заблагодари на амбасадорот Sugondhabhirom за неговиот дипломатски ангажман во нашата земја, и пред се за неговите заложби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, посакувајќи му понатамошен успех на професионален и личен план.
На средбата, беше поздравена досегашната успешна соработка меѓу двете земји на мултилатерален план и нагласен заемниот интерес за унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка, пред се соработката на економски план и зголемувањето на трговската размена.
Соговорниците исто така, разменија мислења и ставови за актуелните случувања и предизвици на глобален план, нагласувајќи ја цврстата определба на двете земји за зацврстување на мирот, безбедноста и просперитетот во глобални рамки.