Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Силна поддршка и солидарност со нашиот сојузник и стратешки партнер Обединетото Кралство, како и со другите сојузници во Алијансата, афектирани од руските малициозни сајбер активности

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Во врска со изјавата на Северноатлантскиот Совет за осуда на руските малициозни сајбер активности и националната изјава на Обединетото Кралство од 18 јули 2025 година, изразуваме силна поддршка и солидарност со нашиот сојузник и стратешки партнер Обединетото Кралство, како и со другите сојузници во Алијансата, афектирани од руските малициозни сајбер активности.

Воедно, ја осудуваме злонамерната злоупотреба на сајбер просторот и обидите за дестабилизација на НАТО сојузниците преку таргетирање на националните владини ентитети и критичната инфраструктура. 

Странското мешање овозможено од софистицирани сајбер алатки, претставува една од најсериозните закани за националната безбедност на земјите, нивниот економски просперитет, суверенитет и начин на живот.

Во оваа смисла, нашата земја, како одговорен сојузник, останува цврсто посветена заедно со нашите сојузници во справувањето со ваквите малициозни закани и повикува на придржување кон рамката на Обединетите Нации за одговорно однесување на државите во сајбер-просторот, прифатена од сите земји членки на Обединетите Нации.

Мени за пристапност