Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Замбија за Република Северна Македонија, со седиште во Анкара, Вилијам Maјпамбе Сиказве.
Посакувајќи му срдечно добредојде во земјава и успех во вршењето на оваа одговорна функција, заменикот министер Димитровски изрази очекување дека ќе се отворат нови можности за соработка и унапредување на билатералните односи помеѓу двете држави.
На средбата се разговараше и за соработка во доменот на економијата и трговската размена, туризмот, културата, образованието, како и во други области од заемен интерес.