Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Муцунски - Гарсиjа

Средба Муцунски - Гарсиjа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лосано Гарсија.

 

Во фокусот на разговорите беше нашиот евроинтегративен процес, континуираните заложби и посветеност за негово забрзување, како и поддршката од Шпанија во таа насока. 

 

На средбата, беа разменети мислења и за соработката во рамки на НАТО, при што беше истакнато дека земјава е доверлив сојузник посветен на зајакнување на единството на Алијансата и трансатлантската стабилност. Исто така, беа поздравени нашите напори за одржлива регионална стабилност и континуиран придонес преку покренување иницијативи и промовирање нови форми на соработка меѓу земјите од Западен Балкан. 

 

Двајцата соговорници изразија задоволство од одбележувањето на јубилејот 30 години воспоставени дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Кралството Шпанија, како  одлична прилика за афирмација на долгогодишното партнерство и соработка помеѓу двете земји, во претстојниот период.

Мени за пристапност