Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Муцунски - Родригез Гоњи

Средба Муцунски - Родригез Гоњи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Источна Република Уругвај за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Н.Е. г-дин Алберто Антонио Родригез Гоњи.

 

Посакувајќи му срдечно добредојде во земјава, министерот Муцунски му посака успех во вршењето на оваа одговорна функција, изразувајќи очекување за натамошна успешна соработка помеѓу двете држави.  

 

На средбата беа разгледани и можностите за унапредување на македонско-уругвајските односи преку конкретни иницијативи, особено во доменот на економијата, трговската размена, туризмот, културата, образованието, и во други области од заемен интерес.

Мени за пристапност