Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Муцунски - Вал

Средба Муцунски - Вал

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес се сретна со Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

На средбата беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области опфатени со мандатот на Мисијата.

 

Соговорниците разменија мислење за актуелните аспекти од работењето на Мисијата на ОБСЕ и во таа насока заеднички беше реафирмирана определбата за продолжување на активностите и натамошно фокусирање на проектите во поддршка на реформските процеси на новата Влада.

Мени за пристапност