Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

 

На средбата, заемно беа потврдени одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји, карактеризирана со меѓусебна поддршка и почитување.

 

Изразено е задоволство од последната средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на маргините на состанокот на лидерите на земјите-учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во Тиват, минатата недела, како и од неодамнешното учество на министерот Тимчо Муцунски на Бледскиот Стратешки форум и средбата со неговата словенечка колешка Тања Фајон.

 

Во разговорите, посебен фокус беше ставен на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија, при што Државниот секретар Кузмановска упати благодарност за силната и отворена поддршка од Словенија која е наш докажан пријател во регионот и воедно, наш НАТО-сојузник. Беше потврдено дека Република Словенија останува исклучително важен партнер во развивањето на капацитетите за остварување на надворешно-политичките приоритети врзани за нашата ЕУ-интеграција преку споделување на словенечките искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата.

Мени за пристапност