Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар Кузмановска со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз

Средба на државниот секретар Кузмановска со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз

Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

 

На средбата беше нагласено задоволството од интензивирањето на политичкиот дијалог меѓу двете земји изминатиот период и потенцирано дека динамиката на средби и посети се највпечатлив показател за цврсите меѓусебни врски. Во годината кога одбележавме  30-години од воспоставувањето дипломатски односи двете држави ги засилуваат заложбите за натамошно зацврстување на пријателските односи и искористување на огромниот потенцијал за соработка во областите од взаемен интерес, со посебен акцент на можностите за зголемување на економската размена и инвестициите, поврзаноста.

 

Државниот секретар Кузмановска се заблагодари за константната поддршка од официјален Мадрид на нашиот европски пат, споделувајќи ја силната посветеност на нашата држава на реформската агенда и продолжување на процесот на пристапни преговори, како влог во нашата иднина, потенцирајќи дека европската енергија никогаш не престана да биде главен движечки механизам на нашето општество.

 

Шпанскиот амбасадор, Рафаел Сориано Ортиз упати пораки на поддршка на евроинтегративниот процес на нашата држава, и признание за постигнатиот напредок, уверувајќи дека дека напредокот во процесот на проширување на ЕУ заснован врз систем на заслуги и принципиелни политики ќе биде високо на агендата на  Унијата.

 

На средбата беа разменети мислења и за новите случувања во земјите од Западен Балкан и регионалните иницијативи како форма за зголемување на взаемната доверба и надминување на отворените билатерални прашања меѓу соседите.

Мени за пристапност