Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман

Средба на државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска вчера ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Вероник Улман.  

 

 На средбата, соговорниците ги потврдија одличните односи помеѓу двете пријателски земји и изразија задоволство од 30 годишниот јубилеј на дипломатските односи, кој се одбележува токму оваа година.  Притоа, беа искажани заемни заложби за нивно натамошно унапредување, преку интензивирање на политичкиот дијалог и севкупната соработка во сите области од заемен интерес.  

 

 Посебно задоволство беше искажано од долгогодишната развојна соработка меѓу двете земји, како и од континуираната финансиска поддршка од страна на Швајцарија за реализација на бројни развојни активности, за што државниот секретар Кузмановска искажа голема благодарност и подготвеност за натамошно унапредување на оваа соработка и во иднина.   

 

 Амбасадорката Улман изрази задоволство што двете земји постигнаа голем успех во развојот на меѓусебните односи и соработка во изминатиот период, посебно во рамки на билатералната развојна соработка. Во таа насока, увери дека Швајцарија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја, посебно во процесот на остварување на нашите надворешно-политички приоритети, преку поддршка на реформскиот процес и постигнување на европските стандарди. 

Мени за пристапност