Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, оствари средба со Амбасадорот на Република Казахстан Н.Е. г-дин. Сатибалди Буршаков.
Соговорниците искажаа заемно задоволство од позитивниот развој на односите меѓу двете држави и разменија мислења за можностите за натамошно интензивирање на соработката, особено во областите на економска соработка, трговската размена, развој на туристичките потенцијали како и продлабочувањето на културните врски.
Државниот секретар Кузмановска го запозна Амбасадорот со проектите и приоритетите на Владата, ставајќи акцент на евроинтегративните процеси, а беа разменети и мислења за значајни надворешно-политички теми.