Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со седиште во Скопје, Сатибалди Буршаков.
На средбата, соговорниците констатираа дека билатералните односи помеѓу двете земји се добри, при што ја нагласија потребата од нивно понатамошно продлабочување, особено во економската сфера, како и зајакнување на севкупната билатерална соработка во иднина.
Беше изразено и заедничко задоволство од досегашната одлична соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатури во рамки на меѓународните организации.
Министерот Муцунски и амбасадорот Буршаков разменија мислења и за други актуелни прашања од заемен интерес, изразувајќи уверување дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет.