Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии

Во рамки на работната посета на Јапонија, делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии.

На средбата беше потенциран континуитетот на одличните билатерални односи и политичкиот дијалог, граден во изминатите 30 години, кои се темелат на заемна почит и пријателство меѓу двете држави и народи. Соговорниците се согласија дека во претстојниот период акцентот ќе биде ставен на унапредување на билатералната и економската соработка.

Исто така, беа разменети мислења за продолжување на успешната мултилатерална соработка преку взаемна поддршка на иницијативи и координација во однос на регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.

Мени за пристапност