Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со македонската дијаспора во Шведска

Средба на министерот Муцунски со македонската дијаспора во Шведска

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, оствари средба со претставници на дијаспората и се сретна со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

Посетата на црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме и средбата со македонската заедница – како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква – беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави.

Во рамки на посетата, во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски оствари средба со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата.

Во текот на утрешниот ден, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе политички средби на високо ниво, меѓу кои и средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.

Линк до изјавата: http://bit.ly/4kfA8Ng

Линк до видео материјали: https://bit.ly/3SukAsX

Мени за пристапност