Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со новоименуваната амбасадорка на Израел со седиште во Ерусалим, Вивиен Ајсен

Средба на министерот Муцунски со новоименуваната амбасадорка на Израел со седиште во Ерусалим, Вивиен Ајсен

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Државата Израел за Република Северна Македонија, со седиште во Ерусалим, Н.Е. г-ѓа Вивиен Ајсен, на која ги прими копиите од акредитивните писма пред нејзиното официјално преземање на должноста во нашата земја.

 

Соговорниците ги оценија односите меѓу Северна Македонија и Израел како пријателски и конструктивни, со уверување дека во претстојниот период ќе следуваат активности за продлабочување на соработката, особено во економската сфера, како и во области како што се безбедноста, иновациите, земјоделството, туризмот и други.

 

Беше истакната заложбата за заокружување на правната рамка што ја регулира економско-трговската соработка, како и потребата од склучување на дополнителни договори од заемен интерес.

 

Министерот Муцунски ѝ се заблагодари на амбасадорката Ајсен за улогата на израелските медицински тимови во спасување животи по трагичната несреќа во Кочани во март годинава. Од своја страна, амбасадорката Ајсен истакна дека Израел високо ја цени континуираната поддршка на Република Северна Македонија во рамките на различни меѓународни организации и форуми.

 

Министерот Муцунски и амбасадорката Ајсен разговараа и за други актуелни билатерални прашања, а се осврнаа и на состојбите во регионите на Западен Балкан и Блискиот Исток.

Мени за пристапност