Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Муцунски со претставници на Обединетата Македонска Дијаспора

Средба на министерот Муцунски со претставници на Обединетата Македонска Дијаспора

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со претставници на македонската иселеничка организација Обединета Македонска Дијаспора (ОМД). На средбата присуствуваа претседателот на бордот на ОМД, Арџи Белио, директорот за Европа, Гордан Јорданов, и членот Филип Јаневски.

 

Во фокусот на разговорот беше соработката и зајакнувањето на врските меѓу дијаспората, македонските иселеници и припадниците на македонското национално малцинство со матичната држава.

 

Министерот Муцунски ја честиташе 20-годишнината од основањето на ОМД, која во септември ќе биде одбележана со свечена церемонија во Детроит, САД. Тој најави и низа активности кои Министерството ги презема во насока на продлабочување на релациите со дијаспората и обновување на процесите за зајакнување на македонскиот идентитет преку нејзина инклузија.

Мени за пристапност