Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на ЗМНР Димитровски со новоименуваната амбасадорка на Република Гана

Средба на ЗМНР Димитровски со новоименуваната амбасадорка на Република Гана

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија,  Зоран Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана за Република Северна Македонија, со седиште во Прага, Дорис Аздо Денуо Бресе.

 

Посакувајќи ѝ срдечно добредојде во нашата држава и успех во вршењето на дипломатската функција, заменик министерот Димитровски изрази очекување дека и покрај географската оддалеченост, двете земји ќе продолжат да ја унапредуваат соработката и пријателството.

 

Соговорниците потврдија дека постојат многу можности за нови форми на соработка и потенцијал за развој на партнерство во повеќе области, како во трговијата, инвестициите, здравството, образованието и културата.  

Мени за пристапност