Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба ЗМНР Димитровски - Михаил Григорие

Средба ЗМНР Димитровски - Михаил Григорие

На 3 септември 2024 г., заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија,  Зоран Димитровски оствари средба со директорот на регионалниот Центар за безбедносна соработка – RACVIAC, Константин – Михаил Григорие.

 

На средбата, ЗМНР и НТ Димтровски и директорот Григорие разговараа за улогата на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC во унапредување на соработката меѓу земјите од ЈИЕ во безбедносниот сектор и справување со современите безбедносни ризици, преку разните проекти и обуки кои ги спроведува Центарот.

 

Заменикот Димитровски се заблагодари за активниот придонес на Центарот, кој што го оцени како одлична платформа за различни форми на соработка и дијалог, како и за справување со современите безбедносни  предизвици. Во оваа прилика, заменикот министер Димитровски ja реафирмираше нашата посветеност за натамошна поддршка на работата на Центарот, како активна членка од неговото формирање.

 

На состанокот соговорниците се осврнаа и на современите безбедносни предизвици со кои се соочува нашиот регион, при што заменик министерот Димитровски истакна дека нашата земја, како членка на НАТО останува силно посветена во својот придонес за зачувување на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко. 

Мени за пристапност