Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тениски турнир „Business meets diplomacy“ по повод Денот на МНР и Денот на Европа

Тениски турнир „Business meets diplomacy“ по повод Денот на МНР и Денот на Европа

По повод одбележувањето на Денот на Министерството за надворешни работи и Денот на Европа, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во коорганизација со Тениската федерација на Северна Македонија, на 11 мај о.г. организираше дипломатскиот тениски турнир под наслов “Business meets diplomacy”.

Спортско-дипломатскиот и бизнис настан се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на терените на ТК „Југ“ – Скопје. Настанот собра активни учесници од редовите на резидентните дипломатски и конзуларни претставништва, претставници на меѓународни организации во земјата, членови на управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, претставници на македонски компании и банки, како и дипломати од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел од турнирот, беше организиран пригоден коктел, а најуспешните натпреварувачи добија пехари. Наградите беа врачени од страна на заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и спортскиот директор на Тениската федерација, Горан Шевченко.

Спортско-дипломатскиот настан беше овозможен со поддршка од неколку општествено одговорни компании, меѓу кои АД „Алкалоид“, „Порше Македонија“, АМСМ, Zepter International, HASS Скопје, Скопска пивара, АД „Тиквеш“, НЛБ, УНИ Банка и ТК „Југ“ – Скопје.

Успешното организирање на ваков вид на настани ја зголемува ефективноста на спортската и бизнис дипломатија, ги промовира здравите навики кај луѓето и дополнително ја унапредува меѓусебната соработка и комуникација меѓу претставниците на владините институции, дипломатите и стопанствениците.

Мени за пристапност