Државниот секретар во Министерство за надворешни работи, Елена Кузмановска учествуваше на Глобалниот форум на Алијансата на цивилизациите што се одржа од 25 до 27 ноември во Кашкаиш, Португалија.
За време на форумот, Кузмановска се обрати на Министерскиот состанок на високо ниво на тема Обединети за мир: обнова на довербата, ре–обликување на иднината“. Во своето обраќање истакна дека ние сме силен поборник за дијалог помеѓу различните култури и религии како начин за превенција од конфликти и подобрување на социјалната кохезија. Беше потенцирана посветеноста на земјата кон одржувањето на регионалниот мир и мерките кои се преземаат да се спречат сите форми на радикализација.
На форумот беше усвоена Кашкаиш Декларацијата со што се реафирмираше поддршкаата за заедничко унапредување на целите на Алијансата на цивилизациии, зајакнување на соработката за промовирање на меѓукултурниот дијалог, подобрување на меѓусебното разбирање и решавање на глобалните предизвици поврзани со спречување конфликти и социјална кохезија, како и промовирање на инклузивниот наратив.
На маргините на форумот Државниот Секретар Кузмановска оствари билатерална средба со Извршниот Директор на North South Centre на Совет на Европа Пилар Моралес, на која средба беше разговарано за можностите за вклучување на земјата во NSC.