Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Учество на министерот Муцунски на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС

Учество на министерот Муцунски на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денес во Вашингтон учествуваше на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС.

 

Министерот Муцунски во своето обраќање се осврна на улогата на земјава во борбата против ИСИС и тероризмот во глобални рамки.

 

,,За целосна победа над ИСИС, што е и единствена цел на оваа Коалиција се потребни  координирани и сеопфатни напори, како држава сме целосно посветени на борбата против ИСИС и активно учествуваме во напорите на Коалицијата’’, истакна Муцунски.

 

 Во рамките на Конференцијата, која се одржува на министерско ниво, учесниците разговараа за можните опции и транзицијата на воените операции на Коалицијата, за континуираните закани и предизвици, а ја реафирмираа и важноста на засилените цивилни напори и прашањето на репатријацијата.

Мени за пристапност