Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Учество на ЗМНР Димитровски на безбедносниот форум GLOBSEC

Учество на ЗМНР Димитровски на безбедносниот форум GLOBSEC

Од 30 август до 01 септември 2024 година, Заменик министерот Зоран Димитровски учествуваше на 19. издание на глобалниот безбедносен форум, GLOBSEС кој што за прв пат оваа година се одржа во Прага, Чешка Република. GLOBSЕC форумот е водечка политичка европска платформа за дијалог која го потенцира значењето на регионот на Централна и Источна Европа, во поддршка на глобалната безбедност и стабилност. Форумот се одржува во година кога многу држави од Централна и Источна Европа, прославуваат 20 и 25-годишнина од нивното членство во НАТО и ЕУ.

 

Заменик министерот Димитровски учествуваше на две пленарни сесии поврзани со проширување на Европската унија и начините за справување со дезинформациите и малигните влијанија од трети земји.

 

Во рамки на првата сесија поврзана со перспективите на ЕУ со земјите од Западен Балкан, на која учествуваше и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Приштина-Белград, Мирослав Лајчак и државниот секретар за европски  прашања на Шведска, Кристијан Даниелсон, од страна на заменик министерот Димитровски беше истакнато дека процесот на проширување треба да се одвива на одржлив и кредибилен начин, преку почитување на Копенхагенските критериуми, а не со потенцирање на билатералните прашања од историски и идентитетски карактер. Во тој контекст стратегиската визија на Европската Унија треба да поттикне зајакната регионална соработка и одржлив економски развој на земјите од Западен Балкан, а земјите од регионот треба да се фокусираат на процесот на внатрешни реформи.

 

Во втората сесија посветена на потребата за меѓународна координација за справување со манипулации на информации од странство, покарај заменикот Димитровски учествуваа и помошникот државен секретар на САД за односи со јавноста на глобално ниво Кристин М. Кејн, потсекретарот за надворешна и безбедносна политика на Финска, Оти Холопаинен и помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија Марија Доха Бозансебо. Од страна на заменикот Димитровски беше истакнато дека македонските граѓани, како и граѓаните на останатите демократски држави во Европа и во нашиот регион се жртви на дезинформации од трети земји, со цел попречување на европското и евроатлантскотo интегрирање. Во таа насока, потребно е спроведување на широка едукативна кампања за медиумска писменост и критичко размислување, како и зајакната меѓународна соработка. Истовремено, Заменикот Димитровски истакна дека нашата држава во соработка со земјите членки на НАТО, презема мерки и активности за справување со хибридни активности, дезинформации и малигни влијанија, со цел враќање на кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија. 

 

На маргините од Форумот, ЗМНР Димитровски оствари и билатерални средби со своите хомолози за прашања од заеднички интерес. 

Мени за пристапност