На состанокот покрај Република Северна Македонија, учествуваа и останатите земји од Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.
Во рамките на еднодневниот министерски состанок, заменик министерот Димитровски имаше свое обраќање на пленарната сесија, во кое што ја реафирмираше поддршката на Република Северна Македонија кон Украина во насока на одбрана на нејзиниот територијален суверенитет и интегритет и посочи дека средбите помеѓу државите во овој помал формат се одлична можност за испраќање на заедничка порака и за здружување на напорите за изнаоѓање на решение за надминување на тешките последици кои неоправданата руска агресија ѝ ги нанесе на Украина и на украинскиот народ.
Заменик министерот Димитровски посочи дека Република Северна Македонија и понатаму ќе продолжи да ѝ помага на Украина, согласно своите можности, притоа истакнувајќи дека сме четврта земја членка на НАТО по обемот на досега испорачаната помош, според БДП по глава на жител.
Учесниците на состанокот покрај учеството на пленарната сесија, остварија и средби со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук, премиерот Денис Шмихал и министерот за надворешни работи, Андриј Сибиха.