Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЗМНР Димитровски ги предводеше политичките консултации за ЕУ прашања на Северна Македонија и Латвија

ЗМНР Димитровски ги предводеше политичките консултации за ЕУ прашања на Северна Македонија и Латвија

На 26 септември 2024 година, во Скопје, одржани беа билатерални политички консултации помеѓу Северна Македонија и Латвија, со фокус на прашања од евроинтегративниот процес. Консултациите ги водеше Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, а од страната на Латвија делегацијата ја предводеше Ингрида Левренце, Државен потсекретар за европски прашања и шеф на Директоратот за ЕУ.

 

На средбата се разговараше за политичките билатерални односи помеѓу Северна Македонија и Латвија, конкретно за процесот на интеграцијата во Европската Унија на нашата земја, состојбите во регионот на Западен Балкан, а се разменија мислења и за новите геополитички предизвици и состојбите со Украина.

 

Заменик министерот Димитровски ги наглаи одличните односи со Латвија, основани на меѓусебно разбирање, отворено пријателство и соработка. Латвија е активен поддржувач на членството на Северна Македонија во ЕУ и очекува забрзана динамика во процесот на пристапувањето. Димитровски се заблагодари на досегашната поддршка на Латвија за јасната европска перспектива за земјите од Западен Балкан и за кредибилна политика на проширување, согласно иднивидуалните заслуги и напредок на секоја земја кандидат.

 

Од страна на Државниот потсекретар Ингрида Левренце истакнати беа добрите и пријателски односи меѓу двете земји и потврдена беше подготвеноста за зајакнување на политичкиот дијалог и соработка. Ингрида Левренце, покрај постигнувањата на нашата земја во евроинтегративните процеси, го наглаи и учеството на Северна Македонија во борбената група на НАТО во Латвија и истакна дека ова присуство даде значаен придонес за безбедноста низ целиот балтички регион. Таа пренесе дека Латвија е подготвена и понатаму да го споделува со Северна Македонија своето искуство и експертиза за интеграција во ЕУ, преку спроведување на различни проекти за размена на искуства на патот кон членството.

 

Како дел од посетата латвиската делегација имаше и средба со претставници од Собранието.

Мени за пристапност