Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЗМНР Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Канада, Н.Е. г-ѓа Мишел Камерон

ЗМНР Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Канада, Н.Е. г-ѓа Мишел Камерон

Денеска, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада со седиште во Белград, Н.Е. г-ѓа. Мишел Камерон.

 

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, со што уште еднаш беа потврдени блиските и пријателски односи помеѓу двете земји.

 

Со срдечно добредојде, заменик министерот Димитровски на амбасадорката и посака успех во вршењето на оваа одговорна функција, изразувајќи уверување дека успешната соработка и позитивниот развоен тренд на билатералните односи помеѓу двете пријателски држави ќе продолжат и за време на нејзината дипломатска мисија.

 

На средбата беше истакната одличната соработка помеѓу двете земји на мултилатерален план и во рамките на НАТО, а се разговараше и за можностите за продлабочување на билатералната соработка во различни области, со фокус врз економската соработка, инвестициите, образованието и културната размена. 

Мени за пристапност